Бројот на жртвите од пукањето во неделата на прославата на еврејскиот празник на култната плажа Бонди во австралиски Сиднеј се искачи на 16, соопшти полицијата, додавајќи дека татко и син стојат зад нападот.
Полицијата во објава на платфромата X соопшти дека 16 лица загинале а 40 се лекуваат во болница по пукањето. Во објавата не се прецизира дали оваа бројка го вклучува и осомничениот вооружен маж, кој подоцна во престрелка беше убиен.
Двајцата напаѓачи биле татко и син, соопшти полицијата. Педесетгодишниот маж починал на местото на настанот, додека 24-годишникот е во болница во критична состојба.
Полицијата на државата Нов Јужен Велс соопшти дека меѓу загинатите има дете и дека возраста на убиените се движи од 10 до 87 години, објави BBC.
Нападот се случил на прославата на почетокот на еврејскиот празник Ханука, а полицијата го третира како терористички чин.
Премиерот Ентони Албаниз го нарече нападот „чин на чисто зло“ кој „намерно ја таргетирал“ еврејската заедница.
Слични новости
Во понеделник продолжуваат преговорите за Украина во Берлин
Разговорите во Берлин за предлозите за прекин на војната во Украина меѓу Володимир Зеленски и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер завршија во недела навечер по повеќе од пет часа и ќе продолжат во понеделник, соопшти претствник на Киев
Нетанјаху го обвинува австралискиот премиер за поттикнување антисемитизам
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди пукањето што се случи во неделата на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе поттикне антисемитизам
Полицијата приведе „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун
Полицијата во Провиденс уапси „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун во кое загинаа двајца студенти а девет други беа повредени, од кои седум се во критична состојба


