Бројот на прогласените стечаи на компании во Германија се зголеми за речиси 25 проценти оваа година, покажува извештајот на „Creditreform“, кој ги одразува проблемите што ги мачат компаниите, вклучително високите цени на енергијата, нестабилната економија и по повеќе од две години ефектите од пандемијата на коронавирусот.
Без знаци за подобрување, се очекува бројот на банкротите да достигне рекордно ниво во 2025 година, проценува германскиот давател на деловни информации, маркетинг податоци и решенија за управување со побарувањата.
Ненадејното зголемување на банкротите се претвора во бран и ќе продолжи да го прави во 2025 година, изјави извршниот директор на „Creditreform“, Бернд Буетов. Од компанијата очекуваат дека до крајот на оваа година стечај ќе прогласат вкупно 22.400 фирми, наспроти 17.814 во претходната година. Ова ќе биде највисока бројка од 2015 година, кога 23.100 компании прогласија банкрот.
„Кризите од изминатите години сега ги погодуваат компаниите со одредено временско задоцнување во форма на стечај. Тоа значи дека бројките за стечаите наскоро би можеле да се израмнат со рекордните нивоа од 2009 и 2010 година, кога банкротираа повеќе од 32.000 компании“, рече шефот на економските истражувања во „Creditreform“, Патрик Лудвиг-Ханц.
Во „Creditreform“ веруваат дека „многу динамичниот тренд на прогласувања стечаи“ ќе продолжи барем во првиот квартал од следната година, според Ханц. Тој ја наведе и неподготвеноста на многу компании да инвестираат во услови на многу неизвесна деловна клима, што доведе до дополнително влошување на ситуацијата.
Германскиот осигурител на кредити „Allianz Trade“ очекува и дополнителен раст на бројот на банкроти во Германија во 2025 година.
„Моменталната слаба економска ситуација во Европа, особено во Германија, им создава проблеми на домашните компании“, изјави пред два месеца Мило Богаертс, извршен директор на „Allianz Trade“ во Германија, Австрија и Швајцарија.
Слични новости
Продолжување на намалувањето на каматните стапки ако инфлацијата продолжи да се намалува, најави Лагард
Централната банка на еврозоната минатата седмица ги намали каматните стапки по четврти пат оваа година, а инвеститорите се обложуваат на уште посилно ублажување на мерките во 2025 година
Биткоинот пробива плафони, над 106.000 долари
Криптовалутите и Биткоинот се катапултирани во центарот на вниманието, бидејќи инвеститорите очекуваат дека новата администрација на Трамп ќе воведе поповолна регулаторна средина
Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат
На европските берзи во понеделник наутро се тргуваше внимателно, со индекси во црвено, особено парискиот CAC, откако Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Франција