Пред српската Скупштина (парламентот) во петокот од претпладнето има зголемено присуство на полицијата, и според белградски медиуми поставени се десетина патролни возила и едно полициско комбе.

Полицајци се распоредени пред службениот влез на Собранието. Голем број продавници низ Белград се затворени, јавија белградските медиуми.

Пратениците и советниците од опозицијата во Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад–Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.

„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите. Го блокиравме автопатот Нови Сад–Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Х.

Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.

„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии.

globe

Слични новости

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.