Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот.

Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања, кои прокетираа отварање на 7,2 милиони работни места, пренесе Трејдинг економикс.

Најпогоден е американскиот североисток каде што бројката драстично се намали за 210. 000. 

Бројката на нововработени и отпуштени е нивелизрана и таа изнесува по 5,3 милиони работници. 3,2 милиони луѓе ги напуштиле работните места, додека 1,8 милиони биле отпуштени од работа.

Слични новости