Комерцијалните бродови и натаму минуваат низ Ормутскиот теснец, иако обемот на сообраќајот е намален, а пловидбата се одвива според рути шти ги определи Иран.

Во текот на викендот низ Ормутскиот теснец минаа ограничен број на бродови, меѓу кои и два танкери за нафта кои влегоа во Персискиот залив без товар.

Се проценува дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за враќање на сообраќајот на ниво пред војната меѓу САД и Израел со Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека само Иран е задолжен за повторно отварање на Ормутскиот теснец и дека секое странско мешање може да ги искомпликува работите и доополнително да ги подигне тензиите.

Слични новости