Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска оцени дека одржувањето на нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата бидејќи, како што наведе, „очигледно е дека парламентарната опозиција нема легитимитет“.

Таа на ТВ Хепи рече дека парламентарната опозиција повеќе не претставува никого, дека тоа е огромен проблем, наведувајќи дека, од друга страна, прашање е дали нешто би решиле со избори.

Брнабиќ изјави и дека привремената влада, која дел од опозицијата ја предлага како решение за излез од кризата, треба да се нарече „телепортска влада“ бидејќи ќе служи како „машина за телепортирање на опозицијата на министерски позиции“.

„Тоа би послужило да се телепортираат на власт бидејќи нема друг начин да дојдат на тие позиции. Срамота е што за ова зборува Милош Јовановиќ кој има два отсто поддршка од народот, сите се гледаат себеси на некои министерски позиции“, рече таа.

Коментирајќи ги студентските блокади на факултетите, таа рече дека има многу негодувања кон ректорите и деканите и оти смета дека секој треба да си го одржи јавно дадениот збор.

„Цела Србија од ректорот на белградскиот универзитет на собраниската комисија слушна дека состојбата не е катастрофална за стотици илјади студентски семејства, затоа што има план, во овие осум дена никој не го видел планот. Време е да престанеме да ги делиме луѓето и да ги делиме студентите, секое насилство треба да се осуди од сите страни“, додаде таа.

Зборувајќи за оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ, таа рече дека тој чин е чесен и одговорен. „Тоа што го направи е невообичаен чин во демократските земји“, рече претседателката на Собранието.

„Тешко дека по оваа влада некогаш ќе видиме повторување на времето што го имавме пред 2012 година, кога немаше политичка одговорност. Сега имаме примери на кои сите ќе се повикуваат“, додаде Брнабиќ.

globe

Слични новости

Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел

Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел

Турција е подготвена да прифати „некои Палестинци“ ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави во неделата во Доха турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан

Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини

Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини

Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови