Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави во понеделникот дека на дневен ред на собраниската седница закажана за среда, меѓу другото, ќе биде и довербата на владата, што претходно ја побара опозицијата.

 

Таа во Палатата „Србија“ рече дека ќе се разговара и за тоа дали пратениците имаат доверба во неа и дали се задоволни од начинот на кој таа го води Парламентот.

Брнабиќ ги критикуваше пратениците од опозицијата кои најавија блокада на работата на Народното собрание и порача дека тоа е единственото нешто што нема да го дозволи.

globe

Слични новости

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни