Бритни Спирс се пријави во институција за рехабилитација од зависност, откако минатиот месец беше уапсена поради возење под дејство на дрога. Американските таблоиди известуваат дека славната поп пејачка доброволно се пријавила во центар за рехабилитација во неделата.

Спирс беше уапсена во март поради управување со моторно возило под дејство на дрога, а ден поцоцна беше пуштена од затвор во Јужна Калифорнија. Таа ќе треба да се појави на судење на 4 мај поради прекршокот.

Бритни Спирс и претходно се лекуваше од зависност во 2007 во центар за рехабилитација на Антигва, по серија јавни скандали, а тогаш и ја избричи главата.

Слични новости

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот

Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.