Личниот долг е на врвот на листата на темите кои Британците строго ги избегнуваат во разговорите, според истражувањето на апликацијата за управување со пари Plum, пред американскиот претседател Доналд Трамп. На трето место се платите, а на четврто се личните заштеди.

Речиси 30 отсто од испитаниците признале дека избегнуваат да зборуваат за чувствителни теми, плашејќи се од расправија. 20 отсто од нив изјавиле дека веруваат дека не се доволно упатени за одредена тема, а други 20 отсто се плашат дека ќе бидат осудени од другите.

Избегнувајќи да зборуваат за пари, граѓаните можеби ја пропуштаат можноста подобро да управуваат со своите пари, или подобро кажано, да штедат и да инвестираат, смета Plum.

Повеќе од 300 милијарди фунти (355 милијарди евра) се депонирани на сметки кои воопшто не носат камата, покажуваат податоците на британската централна банка Bank of England (BoE).

Истражувањето, исто така, покажа дека десет отсто од испитаниците не се сеќаваат кога последен пат ги провериле опциите за штедење, а 11 отсто признале дека никогаш не го направиле тоа.

За да ги поттикнат луѓето да зборуваат поотворено за финансиите, Plum нарача хумористична книга за парите од Марк Симонс.

„Хуморот е одличен начин да се скршат табуата и да се ‘скрши мразот’. Тестирајќи нов материја и на можеби на најпребирливата публика (во Лондон) успеавме да поттикнеме бројни разговори за финансиите. Бев исвиркан само трипати”, се пошегува Симонс.

Кога ќе започнете разговор за пари, луѓето сфаќаат дека донесувањето финансиски одлуки не е толку комплицирано како што мислеле, нагласува шефот за финансии на Plum, Рајан Лахани.

Истражувањето било спроведено за Plum во февруари од Censuswide на примерок од повеќе од 2.000 испитаници низ Велика Британија.

globe

Слични новости

Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка

Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка

„Мики 17“, новиот филм на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, кој го освои Оскар за најдобар филм со „Паразит“ во 2020 година, е водечки во северноамериканскиот бокс офис овој викенд, според проценките објавени во неделата од специјализираната фирма Exhibitor Relation