Менаџерот на радиото „Каролина“ во Велика Британија Питер Мур соопшти дека поради „компјутерска грешка“ во нивното главно студио погрешно беше емитувана вест дека умрел британскиот крал Чарлс Трети, поради што радиото им се извини на кралот и на слушателите.

„Прилогот за смрта на монархот кој сите станици во Британија го држат во приправност случајно бил активиран и погрешно е објавено дека неговото височество кралот почина“, соопштија од радио Каролина.

Радиото потоа ја прекинало програмата, по што било прочитано извинување.

Слични новости

Бони Тајлер во индуцирана кома по итна операција

Бони Тајлер во индуцирана кома по итна операција

Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.

Сензационално откритие во длабочината на Сончевиот систем

Сензационално откритие во длабочината на Сончевиот систем

Научниците открија трагови на ретка атмосфера на мал леден објект кој орбитира зад планетата Нептун, а доколку се потврди откритието, ова ќе биде за прв пат атмосфера да биде забележана на некое небеско тело со ваква големина.