Менаџерот на радиото „Каролина“ во Велика Британија Питер Мур соопшти дека поради „компјутерска грешка“ во нивното главно студио погрешно беше емитувана вест дека умрел британскиот крал Чарлс Трети, поради што радиото им се извини на кралот и на слушателите.

„Прилогот за смрта на монархот кој сите станици во Британија го држат во приправност случајно бил активиран и погрешно е објавено дека неговото височество кралот почина“, соопштија од радио Каролина.

Радиото потоа ја прекинало програмата, по што било прочитано извинување.

Слични новости