Англија синоќа ја продолжи повеќедецениската агонија кога станува збор за освојување на трофеите на Светските првенства, откако по пресврт загуби од Аргентина со 2:1. Британските медиуми се бесни на тактиката на селекторот Томас Тухел кој по водечкиот гол одбра тактика да се брани, целосно ја препушти иницијативата на Аргентинците и се надеваше да не прими гол.
Скај спорт и Телеграф сметаат дека одлуката на Тухел за таква тактика беше сосема неоправдана и го сметаат за главен виновник за елиминиацијата на Англија.
Единствено Би Би Си даде одмерена и трезвена анализа во која констатираше дека Англија е елиминирана во полуфиналето од Аргентина по драматичен пресврт.
Англиските таблоиди повеќе внимание посветија на прокациите од аргентинскиот табор и инцидентите по завршувањето на натпреварот.
Слични новости
Шпанија стана Светски шампион во фудбал
Синоќа во Њујорк заврши Светското првенство во фудбал, а нов светски првак е Шпанија која во финалето сосема заслужено ја победи Аргентина со 1:0 во продолженијата. Стрелец на победничкиот голот беше Феран Торес во 106-тата минута
Лионел Меси ќе ја освои златната топка на Светското првенство независно од исходот на финалето
Капитенот Меси ги предводеше Аргентинците во сите натпревари и постигна 8 голови и 4 асистенции, со што го претекна Килијан Мпбапе со 8 гола и 3 асистенции.
Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија
Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.


