Британската влада се подготвува да им дозволи на технолошките компании бесплатно да пристапат до содржината заштитена со авторски права, предупреди група британски весници, велејќи дека авторите и издавачите бараат „праведен надоместок“ за нивната работа.
Британската влада во јавната дискусија изнесе предлози за можните исклучоци од авторски права за обука на модели за вештачка интелигенција. Технолошките компании на тој начин би можеле да ја користат содржината заштитена со авторски права на авторите и издавачите без надомест или да добијат дозвола.
Издавачите, организирани од Здружението на новински медиуми (NMA), одговорија со кампањата „Make It Fair“.

Изданијата на Daily Express, Daily Mail, The Mirror, Daily Star, The Papera, The Sun и The Times, како и голем број регионални весници, пристигнаа на киосците во вторникот во специјални корици, со отпечатена критика за предлозите на владата.
„Владата сака да ги промени законите во Обединеото Кралство во полза на големите технолошки платформи, на коишто би им овозможила да ги користат содржините на британските автори за да обучуваат модели со вештачка интелигенција без наша дозвола и без надомест. Да го заштитиме креативниот сектор – бараме само праведен надомест“, се вели во пораката.
Авторските права е основен услов за издавачите да инвестираат во доверливо и квалитетно новинарство, а истото би требало да важи и за вештачката интелигенција, изјави извршниот директор на NMA, Овен Мередит.
„Ја повикуваме пошироката британска јавност да ја поддржи нашата кампања Make It Fair и да побараме гаранција од владата дека креативците ќе добијат соодветна финансиска компензација од компаниите за вештачка интелигенција за да обезбедат одржлива иднина и за вештачката интелигенција и за креативните индустрии“, рече Мередит.
Кампањата временски се совпадна со последниот ден од јавната расправа.
Слични новости
Ереван и Баку се договорија за мировен договор по речиси четири децении конфликт
Ерменските и азербејџанските власти во четвртокот соопштија дека се договориле за текстот на мировниот договор за ставање крај на речиси четиридеценискиот конфликт меѓу земјите од јужен Кавка
Захарова: Испраќањето европски сили во Украина ќе го сметаме за директен вооружен конфликт со Русија
Русија предупреди во четвртокот дека испраќањето европски мировни сили во Украина ќе го смета за вовлекување на земјите-учеснички во „директен вооружен конфликт“ со Москва
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа