Шефoвите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување на локален платен систем, познат како „ DeliveryCo” за да ја намалат зависноста од американските платни картички Виза и Мастеркард, пренесе Гардијан.

Причината за загриженоста е дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги исклучи услугите на овие компании, што би ја загрозило британската економија, наведуваат банкарите.

Со состанокот претседавал извршниот директор на „ Barclays UK” Вим Мар, а на состанокот учествувале претставници на сите големи банки и компании за плаќање.

Слични новости