Британскиот тенисер Џек Драјпер го освои Мастерс турнирот во Индијан Велс откако во финалето го совлада Данецот Холгер Руне. Дрејпер славеше убедливо со 2:0 во сетови ( 6:2, 6:2) во меч што траеше само 70 минути.

Британскиот тенисер кој е 13 на АТП листата, направи по два брејка во двата сета и така дојде до победата и неговата прва мастерс тирула во кариерата.

Кај жените победничка на Индијан Велс беше Мира Андеева која во финалето ја победи прворангираната на ВТА листата Арина Сабаленка со 2:1 во сетови. Руската тинејџерка која е 11 играч на светот, направи четири брејка на сервис на Сабаленка.

Мастрес турнирот во Индијан Велс се играше за награден фонд од 9,693.540 долари.

Слични новости

Ф1: Норис најбрз во Мелбурн

Ф1: Норис најбрз во Мелбурн

Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.