Премиерот на Велика Британија Кир Стармер денеска изјави дека расизмот се враќа во британската политика, дека луѓето се чувствуваат многу исплашено и дека политиката на екстремната десница која радвојува ја разурнува Британија.

Тој рече дека во Британија сега постои политичка поделба на лабуристите од една страна и другите на десната страна од центарот што ја разурнуваат земјата. „Некои од реториките што ги слушаме- расистичките реторики за кои мислев дека ги надминавме пред неколку децении повторно се вратија во политиката“ рече Стармер.

Стармер вети дека ќе се бори против секого што тврди дека „луѓето што не се бели не може да бидат Англичани или Британци“ и ќе се бори против тезата на крајната десница дека семејствата што живеат со генерации во Британија треба да бидат депортирани.

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе