Британскиот премиер Кир Стармер во неделата изјави дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно за да се обезбеди безбедноста на Велика Британија и Европа.
„Обединетото Кралство игра водечка улога во поддршката на Киев во неговата војна против Русија, што исто така значи дека сме подготвени и имаме волја да придонесеме за безбедносните гаранции за Украина со испраќање на свои војници на терен доколку е потребно“, истакна Стармер, пишувајќи за Daily Telegraph.
„Не го кажувам ова лесно“, додава Стармер, потврдувајќи дека ја разбира „одговорноста што се подразбира со потенцијалното доведување на мажите и жените од британската армија во опасност“.

Но, „помагањето да се обезбеди безбедноста на Украина значи помагање да се обезбеди безбедноста на нашиот континент и безбедноста на земјата“.
Стармер потврди дека ќе учествува на европскиот состанок во Париз во понеделник за да се соочи со „забрзувањето“ на американската администрација во врска со досието за Украина и да дефинира заеднички одговор за зајакнување на безбедноста на Стариот континент.
Тој, исто така, вели дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „во наредните денови“. Според премиерот, Обединетото Кралство има „уникатна улога“ во обезбедувањето блиска соработка меѓу Европа и САД.
„Американската поддршка ќе остане најважна, а американското безбедносно осигурување е од суштинско значење за траен мир бидејќи само Соединетите Држави можат да го одвратат (рускиот претседател Владимир) Путин од повторно напад“, нагласи Стармер.
Покрај францускиот претседател Емануел Макрон, на собирот што се организира во Париз по повод третата годишнина од руската инвазија во Украина на 24 февруари, се очекува да присуствуваат и лидерите на владите на Германија, Обединетото Кралство, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.
Слични новости
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.