Британската економија речиси стагнираше во четвртиот квартал од 2024 година, со умерен раст во градежниот сектор и значителен пад во индустријата, објави во четвртокот бирото за национална статистика.
Во периодот од октомври до декември, британскиот брурто домашен производ (БДП) порасна за само 0,1 отсто во однос на претходните три месеца, кога се задржа на нивото од пролетниот квартал.
Во првата половина од минатата година, економската активност пораснале умерено, со раст од 0,7 отсто во првите три месеца, што означува излез од блага рецесија во 2023 година.

На годишна основа, БДП-то се зголеми за 1,1 отсто во четвртиот квартал. Во целата 2024 година, БДП-то пораснал за 0,9 отсто, околу двојно посилно од 2023 година. Но кога од пресметката ќе се одземе зголемувањето на населението, активноста стагнирала.
Благиот раст на самиот крај на годината ги одразува добрите резултати од услужниот сектор, пред сѐ веледрогериите, филмските дистрибутери, пабовите и кафеаните, но и производителите на машини и лекови, велат од ONS.
Во периодот од октомври до декември активноста најмногу пораснала во градежниот сектор, за 0,8 отсто во однос на претходните три месеци. Благ раст бележи и услужниот сектор, од 0,2 отсто.
Индустриската активност е намалена за 0,8 отсто во однос на летниот квартал.
Владините трошења беа исто така главен во растот, додека расходите на домаќинствата се задржаа на нивото од претходните три месеци.
Растот беше притиснат од повисоките цени на енергијата и послабата побарувачка во Европа, а во наредните месеци глобалната трговија може да биде попречена од царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.
Слични новости
Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп
Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.
Благ пораст на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневото тргување во четвртокот
Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови