Британското кралско семејство се соочува со најтешката институционална криза во последните 90 години, откако беше уапсен Ендру Маунтбатен-Виндзор под сомнение за злоупотреба на јавна функција и поради неговата поврзаност со Џефри Епстин кој беше осуден сексуален престапник.
Кралот Чарлс III се разбудил со фотографии од својот помлад брат како излегува од полициска станица, објавени на насловните страници ширум светот. Ова е најсериозниот предизвик за британската монархија од 1936 година, кога Едвард VIII абдицираше за да се ожени со Американката Волис Симпсон, објавува Ројтерс.
Агенцијата пишува дека ова криза врз која круната нема контрола, бидејќи институцијата е во дефанзива и реагира на информации што постепено излегуваат во јавноста, без целосен увид во сите досиеја.
Кралот Чарлс порача: „Законот мора да си ја заврши работата“, во обид јасно да ја разграничи институцијата од постапките на својот брат. Принцот од Велс, Вилијам, и неговата сопруга Кетрин изразија „длабока загриженост“ поради новите откритија.
Истражување на YouGov покажало дека само 3% од Британците имаат позитивно мислење за Ендру, додека 90% имаат негативен став. Сепак, поддршката за монархијата останува значително повисока – 77% имаат позитивно мислење за Вилијам, а 60% за кралот.
Слични новости
Парламентарните избори во Бугарија закажани за 19 април
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија
Иран го затвори Ормускиот мореуз
Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.


