Британското кралско семејство се соочува со најтешката институционална криза во последните 90 години, откако беше уапсен Ендру Маунтбатен-Виндзор под сомнение за злоупотреба на јавна функција и поради неговата поврзаност со Џефри Епстин кој беше осуден сексуален престапник.

Кралот Чарлс III се разбудил со фотографии од својот помлад брат како излегува од полициска станица, објавени на насловните страници ширум светот. Ова е најсериозниот предизвик за британската монархија од 1936 година, кога Едвард VIII абдицираше за да се ожени со Американката Волис Симпсон, објавува Ројтерс.

Агенцијата пишува дека ова криза врз која круната нема контрола, бидејќи институцијата е во дефанзива и реагира на информации што постепено излегуваат во јавноста, без целосен увид во сите досиеја.

Кралот Чарлс порача: „Законот мора да си ја заврши работата“, во обид јасно да ја разграничи институцијата од постапките на својот брат. Принцот од Велс, Вилијам, и неговата сопруга Кетрин изразија „длабока загриженост“ поради новите откритија.

Истражување на YouGov покажало дека само 3% од Британците имаат позитивно мислење за Ендру, додека 90% имаат негативен став. Сепак, поддршката за монархијата останува значително повисока – 77% имаат позитивно мислење за Вилијам, а 60% за кралот.

 

Слични новости

13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина

13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина

Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили.

Иран издаде ултиматум

Иран издаде ултиматум

Иран ќе ги прекине преговорите со САД за мир, доколку Израел ја продолжи воената операција против Либан, порача претседателот на иранскиот парламент Мохамед Галибаф. Тој наведе дека доколку продолжат израелските напади, Иран ќе го прекине дипломатскиот процес и ќе премина на поостар одговор.