Британската економија почна да расте, откако нејзиниот домашен бруто производ (БДП) порасна во ноември за 0,3 насто, покажуваат најновите податоци на британската канцеларија за национална статистика.
Растот е посилен од очекувањата на аналитичарите и лондонскиот Сити кои прогнозираа зголемување од максимум 0,1 насто, откако британската економија во октомври забележа пад.
Услужниот сектор кој сочинува околу три четвртини на британската економија, порасна за 0,3 насто во ноември, додека прозиводството забележа посилен раст од 1,1 насто.
Наспроти тоа, градежниот сектор падна за 1,3 насто, како и работите на одржување и поправка на инфраструктурата.
Слични новости
Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра
Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.
Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини
Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји
Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија
Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста


