Велика Британија мора да разговара со сириските лидери за да се осигура дека „она што следува е подобро“, рече британскиот премиер Кир Стармер по средбата на британските претставници со исламситичката бунтовничка група која ја презеде власта во земјата.
Висок конзервативец изјави дека британскиот дипломатски контакт со забранетата сириска бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), поранешно крило на глобалната џихдистичка терористичка мрежа Ал Каеда, ризикува да ѝ даде легитимитет на организацијата во Сирија по падот на претседателот Башар ал-Асад.
Високи британски функционери претходно оваа седмица во сирискиот главен град Дамаск
се состанале со водачот на HTS, Ахмад ал Шара – попознат како Мохамед ал-Џолани кој сѐ уште фигурира на американската листа најбарани лица со распишана награда од 10 милиони долари.
Стармер рече дека ситуацијата во Сирија „брзо се менува“, но дека падот на Асад е „добра работа“. Сепак, тој предупреди да не се направи грешка да се „мисли дека она што следи ќе биде нужно поинакво и подобро“, одговарајќи на прашања од пратениците во британскиот Парламент.
„Нема да навлегувам во детали, но овие разговори мора да се одржат за да се осигураме дека, ако е можно, ќе имаме режим кој е во согласност со меѓународното право и кој ги штити правата на цивилите и малцинствата. Ова може да биде вистинска пресвртница за Сирија “, рече Стармер.
Слични новости
Стотици загинати во циклонот на францускиот остров Мајот
Неколку стотици луѓе, можеби дури и илјадници, се загинати од циклонот Шидо во францускиот архипелаг Мајот во Индискиот Океан, изјави во неделата висок локален француски функционер
ЕУ: Засега нема олеснување на санкциите за Сирија, потребни се гаранции
Европската унија нема да ги укине санкциите за Сирија додека нејзината нова влада не се погрижи малцинствата да не бидат прогонувани и правата на жените да бидат заштитени во рамките на обединета влада која се откажува од верскиот екстремизам, изјави во недеката шефицата на дипломатијата на Унијата
Израел планира двојно да го зголеми населението во окупираниот Голан
Израел во неделата го одобри планот за зголемување на населението во окупираната Голанска висорамнина, додавајќи дека заканите од Сирија остануваат и покрај умерениот тон на водачите на бунтовниците кои го соборија претседателот Башар ал- Асад