Велика Британија мора да разговара со сириските лидери за да се осигура дека „она што следува е подобро“, рече британскиот премиер Кир Стармер по средбата на британските претставници со исламситичката бунтовничка група која ја презеде власта во земјата.

Висок конзервативец изјави дека британскиот дипломатски контакт со забранетата сириска бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), поранешно крило на глобалната џихдистичка терористичка мрежа Ал Каеда, ризикува да ѝ даде легитимитет на организацијата во Сирија по падот на претседателот Башар ал-Асад.

 Високи британски функционери претходно оваа седмица во сирискиот главен град Дамаск
се состанале со водачот на HTS, Ахмад ал Шара – попознат како Мохамед ал-Џолани кој сѐ уште фигурира на американската листа најбарани лица со распишана награда од 10 милиони долари.

Стармер рече дека ситуацијата во Сирија „брзо се менува“, но дека падот на Асад е „добра работа“. Сепак, тој предупреди да не се направи грешка да се „мисли дека она што следи ќе биде нужно поинакво и подобро“, одговарајќи на прашања од пратениците во британскиот Парламент.

„Нема да навлегувам во детали, но овие разговори мора да се одржат за да се осигураме дека, ако е можно, ќе имаме режим кој е во согласност со меѓународното право и кој ги штити правата на цивилите и малцинствата. Ова може да биде вистинска пресвртница за Сирија “, рече Стармер.

 

globe

Слични новости

Десетици загинати во израелски воздушни и копнени напади низ Појасот Газа

Десетици загинати во израелски воздушни и копнени напади низ Појасот Газа

Најмалку 48 Палестинци, вклучително и новинар и спасувачи, биле убиени во израелските напади врз Газа, изјавија лекарите, а израелската војска соопшти дека нејзините воздушни и копнени сили на северот на енклавата убиле десетици милитанти, а некои заробиле