Британскиот атлетичар Ромел Глејв синоќа го освои златниот медал во трката на 100 метри на Европското првенство во атлетика кое се одржува во Бирмингем.

Глејв до златото стигна со резултат од 10,09 секунди. Сребрениот медал го освои неговиот сонародник Џеремаја Азу кој забележа време од 10,16, додека бронзата му припадна на Германецот Овен Ансах со време 10,19.

Во трката на 100 метри со пречи во женска конкуренција златниот медал го освои Холанѓанката Надин Висер со време 12,67, идентитчно како и Полјакинјата Пија Скшишковска, а фото финишот реши Полјакинјата да добие само сребро.

Бронзениот медал го освои Французинката Летисија Бате која заостана 6 стотинки, зад Висер и Скшишковска.

Слични новости

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.