Клуб Бриж направи изненадување и славеше над Интер со 4-3 на средбата од второто коло во Лигата на шампионите. Хет-трик постигна Николо Тресолди младиот германски напаѓач кој за прв пат постигнува хет-трик во ЛШ за Бриж.
Тресолди по натпреварот изјави дека знаеле оти Интер е најдобриот италијански тим, но тие притискале високо а тренерот им порачал да не се плашат.
Младиот Тресолди допрва треба да донесе клучна одлука, дали ќе продолжи да го носи дресот на германската репрезентација или ќе заигра за Италија од каде што има корени.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
