Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација.

Ова следи по неодамнешните медиумски извештаи дека 91-годишната Бардо била повторно хоспитализирана во Тулон, јужна Франција, минатиот месец, по претходниот престој во болница во октомври за она што нејзината канцеларија го опиша како мала операција.

„Како одговор на ширењето неточни информации во последните денови, г-ѓа Брижит Бардо сака да ги потсети сите дека моментално се опоравува, дека би го ценела почитувањето на нејзината приватност и дека сите треба да останат смирени“, се вели во соопштението.

 

„Г-ѓа Бардо сака да ги увери оние кои се навистина загрижени за неа. Таа им ја испраќа оваа порака: ‘Ви ја испраќам целата моја љубов’.“

Бардо глобалната слава је стекна во 1950-те и 1960-те години по нејзините слободоумни улоги во филмови како „И Бог ја создаде жената“. Како пејачка, во истиот период издаде и неколку албуми/.

Таа престана да глуми во 1970-те, се пресели трајно во Сен Тропе на Француската ривиера и се посвети на заштитата на животните преку фондацијата што го носи нејзиното име.

globe

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година