Холивудската ѕвезда Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа која е дело на познатиот грчки архитект Николаос Ксастерос од 1969, а која ја реставрираше познатиот француски дизјанер на мебел Клемент Сивилино.

Куќата е направена од фиберглас, има дрвени подови и површина од 45 метра квадратни. Монтирана е во Калифорнија, каде што Бред Пит има и други монтажни куќи од овој тип во својата колекција.

Бред Пит е пасиониран љубител на архитектурата и поседува колекција од неколку модели на уникатни куќи кои се дело на меѓународни архитекти, а сака и дизајнерски мебел до таа мерка што создаде и сопствена линија на мебел.

 

 

Слични новости

Новиот контроверзен филм Ритуал со Ал Пачино, со слаби оценки од публиката и критиката

Новиот контроверзен филм Ритуал со Ал Пачино, со слаби оценки од публиката и критиката

Филмот на режисерот Деввид Мидел што го предводи мега ѕвездата Ал Пачино е базиран на вистинити настани, врз основа на книгата „Ритуал“ која предизвикува полемики во Америка со децении.

Мајкл Даглас ќе ја презентира новата реставрирана верзија на култниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“

Мајкл Даглас ќе ја презентира новата реставрирана верзија на култниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“

„Лет над кукавичкото гнездо“ од 1975 што се смета за филмска класика, ги освои сите значајни категории на Оскарите таа година, вклучувајќи го и Оскарот за филм на годината што му беше врачен на Мајкл Даглас како продуцент на филмот