Фудбалерите на Брајтон го совладаа Челзи со убедливи 3:0 (2:0) на својот стадион „Амекс“ во петокот во првиот натпревар од 25. коло на англиската Премиер лига.

Воведниот гол за Брајтон го постигна Каору Митома во 27. минута, а потоа Јанкуба Минтех двапати ја затресе мрежата на гостите, во 38. и 63. минута.
Брајтон со победата ја прекина серијата од два пораза и привремено се искачи на осмото место со 37 бодови. Челзи го претрпе шестиот првенствен пораз и се наоѓа на четвртото место со 43 бода.
Водечкиот Ливерпул има 57 бодови, седум повеќе од второпласираниот Арсенал. Нотингем Форест е трет со 47 бодови.
Слични новости
Белгија им се придружи на Турција, Грција и Србија во елитната група на Лигата на нации
Фудбалските репрезентации на Белгија, Турција, Грција и Србија се пласираа во елитната дивизија од Лигата на нации, откако успешно го завршија плејофот
Србија, Грција и Турција во елитната класа на Лигата на нации
Фудбалските репрезентации на Србија, Грција и Турција се пласираа во елитната дивизија од Лигата на нации, откако успешно го завршија плејофот
Игор Тудор го презема Јувентус
Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор е новиот тренер на Јувентус, објавија италијанскиот фудбалски гигант