Фудбалерите на Брајтон го совладаа Челзи со убедливи 3:0 (2:0) на својот стадион „Амекс“ во петокот во првиот натпревар од 25. коло на англиската Премиер лига.

 

Воведниот гол за Брајтон го постигна Каору Митома во 27. минута, а потоа Јанкуба Минтех двапати ја затресе мрежата на гостите, во 38. и 63. минута.

Брајтон со победата ја прекина серијата од два пораза и привремено се искачи на осмото место со 37 бодови. Челзи го претрпе шестиот првенствен пораз и се наоѓа на четвртото место со 43 бода.

Водечкиот Ливерпул има 57 бодови, седум повеќе од второпласираниот Арсенал. Нотингем Форест е трет со 47 бодови.

globe

Слични новости

Лејкерси се пробија на четвртото место со победа врз Сан Антонио

Лејкерси се пробија на четвртото место со победа врз Сан Антонио

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа втората победа по ред без Леброн Џејмс, на домашен терен против тимот на Сан Антонио. Најефикасен играч кај Лејкерс беше Остин Ривс со 30 поени, додека Лука Дончиќ даде 21 кош и подели 14 асистенции.