Фудбалерите на Брајтон го совладаа Челзи со убедливи 3:0 (2:0) на својот стадион „Амекс“ во петокот во првиот натпревар од 25. коло на англиската Премиер лига.

Воведниот гол за Брајтон го постигна Каору Митома во 27. минута, а потоа Јанкуба Минтех двапати ја затресе мрежата на гостите, во 38. и 63. минута.
Брајтон со победата ја прекина серијата од два пораза и привремено се искачи на осмото место со 37 бодови. Челзи го претрпе шестиот првенствен пораз и се наоѓа на четвртото место со 43 бода.
Водечкиот Ливерпул има 57 бодови, седум повеќе од второпласираниот Арсенал. Нотингем Форест е трет со 47 бодови.
Слични новости
Евролига: Партизан го прекина постот, драма во Истанбул, втор пораз во низа на Олимпијакос
Кошаркарите на Партизан ја совладаа Алба Берлин на белградска „Арена“ со резултат 85:71 (13:14, 27:20, 21:22, 24:15), во 31. коло од Евролигата
Александер-Арнолд постигна договор со Реал Мадрид
Десниот бек на Ливерпул, 26-годишниот Трент Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објавија во вторникот британските медиуми,
Блатер и Платини ослободени од обвиненијата за корупција
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и францускиот и светскиот фудбалски великан Мишел Платини, поранешен претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), се ослободени од обвиненијата за корупција