Германските судови примија значително повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во септември, покажаа прелиминарните податоци од Федералниот завод за статистика во понеделникот.

Бројот на барања беше за 10,4 отсто поголем во септември отколку во истиот месец минатата година, објави Destatis, забележувајќи дека пресметката ги вклучува само барањата за кои стечајниот суд веќе донел прва пресуда. Во август, нивниот број беше големен за 11,6 отсто на годишно ниво.

Компаниите обично поднесуваат барање околу три месеца пред пресудата, а во јули, според конечните резултати, судовите регистрирале 2.197 стечаи на правни лица, што е за 13,4 отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година.

Вкупната вредност на побарувањата на доверителите изнесуваше 3,7 милијарди евра во јули, во споредба со 3,2 милијарди евра во јули 2024 година, а компаниите во секторот за транспорт и складирање се во особено тешка позиција, според податоците за побарувањата.

Неколку кредитни агенции очекуваат бројот стечаи и банкроти во Германија во 2025 година да биде поголем од минатата година.

Во целата 2024 година, судовите регистрирале вкупно 21.812 барања, според статистичкиот завод, што е за дури 22,4 отсто повеќе отколку претходната 2023 година и најмногу од 2015 година.

Аналитичарите забележуваат дека бранот банкроти бил очекуван бидејќи државата ја суспендирала поддршката поради пандемијата на коронавирусот. Високите цени на енергијата, бирократијата и политичката неизвесност, исто така, влијаеле врз компаниите во текот на две последователни години рецесија во најголемата европска економија, забележува новинската агенција dpa.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена