Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување. Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е висок за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучиле дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.

Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културолошките разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во студијата.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина, исто така, се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три процента кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, пак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пишува агенцијата dpa.
Дебелината се дефинира со индексот на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира со индексот од 25 до 29,99.
Истражувањето го водела докторката Аличја Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.
Слични новости
Тејлор Свифт заработила над 100 милиони долари од стриминг платформата Спотифај
Британскиот весник Дејли Меил објави дека Тејлор Свифт заработила 103,5 милиони долари од услугите на стримиг платформата Спотифај за 2024.
Де Ниро во двојна улога во мафијашкиот филм „The Alto Knights“
Славниот холивудски актер Роберт де Ниро игра не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knightsто“ која наскоро доаѓа во кината
„Одисеја “ на Кристофер Нолан го додаде актерот Рајан Хурст во големата актерска екипа
Студиото Универзал претходно соопшти дека кастот на „Одисеја“ ги вклучува А холивудските глумци Мет Дејмонд, Том Холанд, Зендеја, Робер Патинсон, Ен Хатавеј, Шарлиз Терон и Џон Бернтал.