Бразилскиот претседател, 79-годишниот Луис Инасио Лула да Силва ќе биде подвргнат на нова операција на главата, чија цел е „да го намали ризикот“ од ново крварење во близина на мозокот, објави болницата во која е згрижен.

На бразилскиот претседател му беше извршена итна операција во вторникот, откако магнетната резонанца откри крварење во неговиот мозок, изјави за новинарите во средата докторот на Лула, Роберто Калил Фиљо.

Лекарите го оперирале Лула околу два часа за да го исцедат крварењето меѓу неговиот мозок и менингеалната мембрана, за кое лекарите рекоа дека е поврзано со падот во неговиот дом кон крајот на октомври.

Лекарот на Лула објави дека претседателот се чувствува добро и расположен, но неколку часа подоцна болницата објави дека на претседателот ќе му биде извршена „интервенција со низок ризик“.

„Во рамки на терапевтската програма во четврток наутро ќе биде извршена дополнителна операција со ендоваскуларна интервенција“, се вели во болничкиот билтен.

Докторот Калили Фиљо на брифинг со новинарите во болницата објасни дека оваа интервенција, која се проценува дека ќе трае еден час, е „веќе планирана“ и има цел „да го намали ризикот од идно крварење“.

Шефот на државата сѐ уште е „на интензивна нега“, но „имал добар ден, направил физиотерапија и имал посети од членовите на семејството“, прецизираат од болницата, додавајќи дека Лула ќе остане во болница до следната седмица.

Лекарите рекоа и дека нема повреди на мозокот или некакви невролошки компликации.

globe

Слични новости

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“

Руските сили заземаат сѐ поголема територија во Курск, според извори

Руските сили заземаат сѐ поголема територија во Курск, според извори

Руските сили направија дополнителен напредок во регионот Курск во понеделникот како дел од големата операција чија цел е да принудат илјадници украински војници да го напуштат западниот руски регион или да се предадат, објавија проруските воени блогери на кои се повикува Reuters