Еден од најбараните фудбалери ова лето ќе биде бразилскиот играч за врска, 25-годишниот Едерсон, кој одлично настапува за италијанскиот клуб Аталанта. Покрај Манчестер Сити, во трката би можеле да се приклучат и Ливерпул и Манчестер Јунајтед, истакнуваат британските медиуми.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола веќе го потцрта неговото име во својот бележник, но нема да биде лесно да се оствари тој трансфер. Гвардиола, како што неодамна објавија островските медиуми, повеќе не смета на играчите од средниот ред на 33-годишниот Кевин де Брујне, Илкај Гундоган на 34 и Матео Ковачиќ на 30 години, а Бразилецот Едерсон би требало да биде една од поважните фигури во новиот среден ред на Сити.

Градскиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед, исто така, би сакал да го види Едерсон во своите редови. Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим има намера да изгради среден ред околу него, а Касемиро и Кристијан Ериксен би биле на излезна врата од „Олд Трафорд“. Проблемот е што Едерсон сака да биде во клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Исто така, бразилскиот играч за врска нема намера да се приклучи на тим каде што би морал да се бори напорно за своето место во стартниот состав. По таа логика, Ливерпул има најмалку шанси да го добие Едерсон, бидејќи има силна конкуренција во средниот ред: Рајан Гравенберч, Кертис Џонс, Алексис Мек Алистер, Доминик Шобошлаи, Ватару Ендо.
Едерсон дојде во Аталанта во јули 2022 година од Салернитана, а трансферот беше вреден 23 милиони евра. Неговиот договор е до јуни 2027 година и британските медиуми проценуваат дека италијанскиот прволигаш нема ни да ги разгледа понудите кои би биле помали од 60 милиони евра.
Слични новости
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.
Кадилак и официјално во Формула 1 од 2026.
Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година