Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“.

Тој истакна дека како Бизнис конфедерација протажираат сите работници да се организираат и здружуваат, за да преговараат во сите сектори, за да можат да си ја одредат минималната плата.

„Она што го кажавте дека Владата се повлече од овие преговори, мораме да кажеме дека ние ги поздравивме за овој мудар потег, бидејќи ние сонувавме работниците и работодавачите конечно да почнат сами, независно да се договараат и преговараат и затоа овој голем потег на очекувањето дека државата ќе влезе во оваа ќе ја наречам приказна минимал плата, мораме да го издржиме и самите  да ги создаваме условите и затоа протажираме сами да се договараме во однос на минималната плата“, вели Бошков.

Тој рече дека договорањето меѓу работниците и работодавачите за висината на минималната плата треба да се одвива посебно во секој сектор преку колективните договори. 

globe

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија