Бостон Селтикс синоќа на гостински терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со огромни 125:85 како дел од Денот на НБА Мартин Лутер Кинг Џуниор. Голден Стејт немаат пораз со 40 поени на домашен терен од 15 јануари 1985 година.
Џејсон Тејтум предводеше шест стрелци на Бостон со двоцифрен учинок, тој го заврши натпреварот со 22 поени, Кристапс Порзингис постигна 18 поени, а Џејлен Браун имаше 17. Тејтум забележа и рекордни за него девет скока со седум асистенции и две украдени топки. Пејтон Причард постигна девет асистенции со 14 поени. Вориорс имаа слаб шут, шутираа 34,8 отсто од поле и 26,4 отсто за „тројки“. Стивен Кари ги предводеше Вориорс со 18 поени, а Мозес Муди додаде 13 поени за Голден Стејт, на кој поради повреди им недостасуваа Дрејмонд Грин, Џонатан Куминга, Брандин Поџиемски и Кајл Андерсон.
Селтикс водеа со 54:39 на полувремето пред да ја преземат контролата во третата четвртина. Тејтум постигна 12 поени во третата четвртина, додека Бостон погоди 16 од 24 шута, вклучително и осум „тројки“, остварувајќи предност од 34 поени, на влезот во последниот дел од натпреварот.
Чикаго Булс ја прекинаа серијата од пет порази со победата од 112:99 во „Инглвуд“ над Лос Анџелес Клиперс, а Зек ЛаВин постигна 35 поени и го предводеше својот тим до победата. Џош Гиди додаде 18 поени, 10 скока и девет асистенции за Чикаго. Клиперс ги предводеше Норман Пауел со 27 поени, а Џејмс Харден додаде 17. Ивица Зубац не играше за Клиперси поради повреда на окото, а отсуствуваше и Кави Ленард поради лекување на повредата на десното колено.
По менувањето на водството во првото полувреме, Булс ги надиграа Клиперс со 36:16 во третата четвртина, користејќи серија од 22:5 во тој период за да поведат со 76:62.
Њу Орлеанс Пеликанс ја совладаа Јута Џез со 123:119 по продолжение на домашен терен откако надмина негатива од 15 поени. Претпоследните на Западот пред Џез, Пеликанс ја забележаа четвртата победа во низа, особено благодарение на 45-те поени на СиЏеј МекКолум.
Детроит Пистонс беа подобри од Хјустон Рокетс со 107:96 на гости, а Кејд Канингем постигна 19 од неговите 32 поени во третата четвртина. „Дабл-дабл“ учинок без промашен удар додаде Џејлен Дурен – 16 поени и 14 скока. Детроит ја презеде контролата во третата четвртина и ги издржа Рокетс откако во четвртата се доближија на пет поени. Фред ВанВлит беше најдобар играч кај Рокетс со 20 поени, додека Џејлен Грин додаде 19 поени.
Кливленд Кавалирс ги совладаа Феникс Санс со 118:92, предводени од Донован Мичел со 33 поени. Кавалирс се најдобриот тим во лигата, далеку пред Бостон на Истокот, со скор од 36 победи и само шест порази, а подобри се и од Тандер (35-7), кои се први на Западот. Кевин Дурент беше најефикасен кај Феникс кој се наоѓа на десеттото место на Западот со 23 поени и седум скока.
Шарлот Хорнетс на домашен терен со 110:105 ги совладаа Далас Маверикс, кои од Божик се без својата ѕвезда Лука Дончиќ. Домашните Хорнетс славеа предводени од ЛаМело Бол и Мајлс Бриџис кои постигнаа по 23 поени и првпат сезонава остварија три последователни победи. Кајри Ирвинг постигна 33 поени, а Даниел Гафорд 31 поен и 15 скока за Далас, кој загуби четири од последните пет натпревари.
Минесота Тимбервулфс загубија со 106;108 на гостувањето кај Мемфис Гризлис, кој се врати во последната четвртина. Ентони Едвардс постигна 32 поени за Минесота, додека Мемфис беше предводен од Џерен Џексон Јуниор. со 24 пресретнувања.
Слични новости
Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето
Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек
НБА: Доминација на Денвер над Филаделфија со четврти „трипл-дабл“ во низа на Јокиќ
Денвер Нагетс синоќа на домашен терен ја совладаа Филаделфија 76ерс со 144:109, а Никола Јокиќ го забележа четвртиот последователен „трипл-дабл“ со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции
Преглед Лига на шампионите: Ливерпул единствен со сите победи
Фудбалерите на Ливерпул го задржаа стопроцентниот учинок оваа сезона од Лигата на шампионите и по седмото коло во кое на домашен терен го совладаа Лил со 2:1 (1:0)