Борусија Дортмунд подготвува нов договор за играчот за врска и капитен на тимот Емре Џан и покрај тоа што фудбалерот неодамна доживеа многу тешка повреда и ги скина вкрстените лигаменти на потколоеното во дерби натпреварот со Баерн Минхен.

Германските спортски медиуми пренесуваат дека Емре Џан би требало да потпише продолжување на соработката со Борусија до 2027 година.

Се очекува рехабилитацијата на Џа да трае повеќе месеци, но очигледно во Борусија не се сомневаат дека Џан ќе се врати на потребното ниво, а со потегот сакаат да покажат и дека се грижат за своите фудбалери.

Слични новости

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.