Претседателот на Основен суд Кочани, Спиро Борисов денеска во изјава за медиумите истакна дека во тек е истражната постапка и дека се постапува по изјавени жалби на судии на претходна постапка во врска со пожарот во дискотеката во Кочани која се случи на 16 март и во која животот го загубија 61 лице, а беа повредени околу 200.
„Во тек е е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судии на претходна постапка и тоа е во моментов што можам да ви го дадам како изјава“, рече Борисов.

Борисов нагласи дека секој кој што постапувал како судија на претходна постапка согласно одредбите од Законот за кривична постпака, односно член 33 од овој закон понатаму не може да учествува како судечки судија, член на Совет за оцена на обвинителни акти итн.
Претседателот на Основен суд Кочани истакна дека тројца судии од овој суд постапуваат во претходна постапка.
– Постапувааат тројца судии. Ние сме суд со пет судии, вклучително и јас како претседател на судот, тројца судии, двајца од судиите постапуваат во Кривичен совет и делегиран судија од друг Основен суд кој би можел да постапува како судија во суд со проширена надлежност – рече Борисов.
Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека уште е рано да се разговара за тоа што доколку таму не може да се реализира судењето.
– Мислам дека е рано за тоа да разговараме. Се во свое време. Судскиот совет е во тек. Не, не, за тоа не треба да одлучува Судскиот совет. Ќе се постапи согласно законот – рече Камбовски.
Слични новости
Трговците од денеска јавно ќе ги објавуваат цените на веб страниците
Од денеска трговците се должни на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот.
Продолжуваат превирањата во „Вреди“, коалиционите партнери во Владата ги следат случувањата
Од коалицијата велат дека не го исклучиле Таравари, но дека тој со ваквата одлука се самоисклучил. Ваквиот чекор на Таравари, според коалицијата Вреди, значи проблем во Владата, но не прецизираат дали ќе побараат негово разрешување
Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ
Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ. Ова создава загриженост и треба да се расчисти, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди (Влен) од партијата Алтернатива.