Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.
Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.
Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.
Слични новости
Викендов светска премиер на римејкот на Оркански висови
Режисер на филмот е Емералд Фенел, а во главни улоги играат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за оскар за улогата на Франкештајновото чудовиште.
Бритни Спиарс ги продаде правата на своите хитови на компанијата Прајмери Вејв
Американската пејачка Бритни Спиарс ги продаде правата на нејзините песни на компанијата Прајмери Вејв, кои песните вклучувајќи ги и хитовите “Oops! … I Did It Again!,” и „Baby One More Time”.
Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари
Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст