Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.
Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.
Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.
Слични новости
Нетфликс ја откажа серијата „Терминатор Зеро“ по само една сезона
Откажувањето на „Терминатор Зеро“ кое ја имаше премиерата во Август 2024 не е големо изненадување бидејќи во ниту еден момент не успеа да се пласира меѓу десетте најгледани серии на Нетфликс
Ревитализираното Мапет Шоу двојно ја зголеми гледаноста за осум дена
Новото Мапет шоу на премиерата на АБЦ го гледаа 3 милиони гледачи во Америка, но оттогаш на стриминг платформата на Дизни достигна 7,6 милиони гледачи што е зголемување за 147 проценти.
Филмот „Оркански висови“ се очекува да доминира на Бокс офисот за викендот
На претпремиерата во четвртокот филмот заработи 3 милиони долари од продажба на кино билети и се очекува да го заврши викендот со заработка меѓу 40 и 50 милиони долари.