Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.
Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.
Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.
Слични новости
Серијата „Младиот Шерлок“ на Гај Ричи со лоши критики
Холивуд Рипортер оценува дека ликот на Шерлок кој го прикажува Гај Ричи, заснован врз книгите на Ендрју Лејн, речиси и да нема допирни точки со ликот на славниот детектив од романите на Артур Конан Дојл
Голема конкуренција кај рок легендите за годинешниот прием во „Куќата на славните“
Меѓу номинираните се британскиот бенд „Оејзис“ „Џој Дивижн“ и Њу Ордер“ кои се всушност ист бенд и се всушност еден кандидат, Мараја Кери, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Фил Колинс и Шаде.
Парамаунт плус и ХБО макс стануваат една стриминг платформа
„Планираме да ги споиме двата сервиса, што денеска претставува нешто повеќе од 200 милиони претплатници“ ја пренесе Вашингтон пост изјавата на директорот на Парамаунт.