Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.

Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.

Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.

Слични новости

Стивен Најт ја затвори популарната франшиза „Пики Блајндерс“ со филмот на Нетфликс „Бесмртниот човек“

Стивен Најт ја затвори популарната франшиза „Пики Блајндерс“ со филмот на Нетфликс „Бесмртниот човек“

Пики Блајндерс во шесте сезони беше репер за квалитетна телевизиска серија креирана од Стивен Најт. Приказната беше фокусирана на семејството од Бирмингам Шелби, а главниот лик Томи Шелби му донесе светска слава на Килијан Марфи