Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.
Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.
Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.
Слични новости
НАСА ги лансираше космонаутите во мисијата „Артемис 2“ на Месечината
Американската Национална администрација за аоронаутика и вселената НАСА го лансираше од Флорида првиот лет со човечка посада кон Месечината по повеќе од 50 години во мисијата Атремис 2 .
Филмскиот фестивал во Кан ќе биде отворен со комедијата „Електричната авенија“ на Пјер Салвадори
Годинава отварањето на престижниот филмски фестивал во Кан ќе биде на 12 мај, а домаќин на церемонијата на отварање на фестивалот ќе биде актерката Еје Хаидара.
Брус Спрингстин ја започна новата американска турнеја со силни политички пораки против администрацијата на Трамп
Според часописите „Ролинс Стоун“ и „Билбоард“ неговиот настап беше повеќе политички митинг, отколку што беше концерт.


