Поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави дека со доаѓањето на Доналд Трамп на власт би може да се обнови и идејата за размена на територии меѓу Белград и Приштина.
За можноста за размена на територии се зборуваше многу за време на претходниот мандат на Трамп, а Болтон вели дека таа идеја потекнува од поранешниот британски премиер Тони Блер.
„Разговарав по ова прашање со претседателот на Србија Александар Вучиќ и тогашниот косовски премиер Хашим Тачи. Мислев дека е во интерес на Балканот да се изнајдат решенија за недовршените конфликти“, изјави Болтон.
Тој рече дека за размена на територии ќе биде потребна подготвеност на Белград и Приштина, но смета дека такво решение би претставувало голема опасност за другите земји во регионот.
„Не може да се очекува само од САД да ги реши проблемите. Прашањето е дали Србија и Косово се доволно определени да ги надминат взаемните проблеми“ порача Болтон.
Слични новости
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија
Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија
Сараево со денови меѓу најзагадените градови во светот
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав