Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави во неделата дека лековите што ги земал предизвикале да стане „параноичен“ поради која ја злоупотребил електронската алка на ногата, според документ до кој дошол Reuters, ден откако федералната полиција го приведе поради потенцијален ризик од бегство.
Адвокатите веднаш побараа Болсонаро да ја отслужи целата казна во домашен притвор со електронски надзор поради наводни здравствени проблеми и потреба од редовна терапија.
Во саботата судијата на Врховниот суд, Александре де Мораеш, нареди поранешниот десничарски претседател да биде приведен пред планираниот собир на неговите поддржувачи пред неговиот дом, што, според судијата, може да го загрози полицискиот надзор врз домашниот притвор на Болсонаро.
Во полицискиот извештај, исто така, се вели дека електронската ачка на Болсонаро била оштетена.
На сослушувањето по неговото апсење и притворање, Болсонаро негираше дека имал намера да избега од домашен притвор или да го отстрани електронскиот надзор, се наведува во полицискиот извештај, и се додава дека рекол оти доживеал „халуцинација“ што го навела да верува дека има жица во уредот за надзор.
Судијата што го надгледуваше сослушувањето пресуди дека тој треба да остане во полициски притвор бидејќи за време на апсењето на поранешниот претседател биле почитувани сите законски правила.
Слични новости
Путин кај Моди: Продолжуваме да ја снабдуваме Индија со нафта без прекин
Рускиот претседател Владимир Путин, кој се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди во петокот Њу Делхи, изјави дека Москва ќе продолжи да „испорачува нафта без прекин“ во Индија
Германија воведува воена служба на доброволна основа
Бундестагот во петокот го одобри повторното воведување на делумна регрутација за да се зголеми големината на своите вооружени сили како одговор на новите безбедносни предизвици
Кремљ: Русија и САД добро напредуваат во мировните преговори
Кремљ во петокот соопшти дека Русија и Соединетите држави постигнуваат добар напредок во мировните преговори за Украина и дека Москва е подготвена да продолжи да работи со сегашниот американски преговарачки тим


