Првиот круг на локалните избори, кои ќе се одржат в недела, 19 октомври, ќе започне уште утре, со гласањето на болните и немошните, како и на притворениците и затворениците.
Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни лица, што е повеќе од локалните избори во 2021 година. В сабота ќе гласаат и 2.162 затвореници и 450 избирачи од домовите за стари лица.
За 8-те по ред локални избори, Избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи.
Право на глас имаат и 112 илјади избирачи кои се на привремена работа или престој во странство. Согласно Изборниот законик, гласање во дијаспората за локалните избори нема, така што оние што сакаат да го искористат своето право на глас треба да допатуваат во земјава.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


