И покрај завршувањето на ковид пандемијата американскиот Бокс офис забележува пад на приходите од околу 11 проценти годишно, што ги натера сопствениците на кино сали во САД да се соберат во Лас Вегас на КинемаКон, за да дискутираат за стратегии за враќање на публиката во кино салите.
Бокс офисот и натаму бележи слаби резултати, а викендов долгогочекуваниот хит „Снежана“ заработи само 14,2 милиони долари што е пад за 66 насто во однос на премиерниот викенд.

Продуцентот Дизни има големи причини за загриженост со оглед на фактот што продукцијата на „Снежана“ чинеше скапи 370 милиони долари.
Над очекувањата е заработката на „Работниот човек“ со Џејсон Статам на студиото Амазон МГМ кој заработи 15, 5 милиони долари. Акцискиот трилер заработи и дополнителни 16,6 милиони долари во премиерниот викенд надвор од САД.
Своја премиера имаше и хоророт на Универзал „Жената во дворот“ со заработка од солидни 9,5 милиони долари.
На Бокс офисот многу слабо поминува мафијашкиот филм на Бари Левинсон „Алто витези“ со Роберт Де Ниро кој не е ниту во првите 10, и за две недели прикажување заработи помалку од девет милиони долари во САД и светот.
Слични новости
Ќе се снима продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“
Американските медиуми јавуваат дека е договорено да се снима продолжение на хитот „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино. Режисер на продолжението, кое е најавено како „дериват“ од првиот филм е Дејвид Финчер, а Тарантино кој нема да биде режисер на филмот е автор на сценариото.
Почина Вал Килмер, брилијантна и потценета филмска ѕвезда
Американскиот актер Вал Килмер, кој почина во средата на 65-годишна возраст, често беше потценет и покрај неговата извонредна актерска палета – тој беше одличен во комедии, вестерни, криминални драми, музички биографии и акциони-авантуристички филмови
Почна снимањњето на третата сезона на „Куќата на змејот“ на ХБО
Во Велика Британија започна снимањето на третата сезона на хит серијата „Куќата на земјот“ која е приквел на легендарната серија „Игра на тронови“.