Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. Се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Божиновска и Филипиду ја истакнаа важноста на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, кој ќе придонесе за енергетска стабилност и диверзификација на изворите на енергија во регионот. Министерката Божиновска нагласи дека овој проект е од стратешко значење за земјата и ќе овозможи поефикасно снабдување со природен гас.

Разговарано е и за иницијативите за пазарно поврзување (market coupling) со Грција, со цел интеграција на македонскиот електроенергетски пазар во единствениот европски пазар. Министерката информираше дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) го воведе еврото како трговска валута во првиот квартал на 2025 година, што е клучен чекор кон оваа интеграција.

Амбасадорката Филипиду ја потенцира потребата од зајакнување на соработката меѓу берзите на двете земји, што ќе донесе значителни придобивки за економиите на двете земји и за целиот регион.

На крајот од средбата, двете страни изразија подготвеност за понатамошно интензивирање на соработката во енергетскиот сектор, се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

globe

Слични новости

Муртезани на средбите во ЕП доби поддршка за европската перспектива на Македонија

Муртезани на средбите во ЕП доби поддршка за европската перспектива на Македонија

Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава

Таравари ја разреши досегашната и ја назначи за новата директорка на детската болница „Козле“

Таравари ја разреши досегашната и ја назначи за новата директорка на детската болница „Козле“

Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша во вторникот решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името

Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа

Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.