Нееднаквоста меѓу луѓето ширум светот продолжи да расте, при што богатите стануваат побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни, соопшти невладината организација за развој Oxfam.

Богатството на милијардерите во земјите од Г20 се зголеми за 2,2 трилиони долари во изминатата година, соопшти Oxfam во анализа објавена во четвртокот пред самитот на Г20 оваа седмица. Според организацијата, оваа сума би била доволна за да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија.

Богатството на само 3.000 милијардери се зголеми за 6,5 трилиони долари во реални услови од 2015 година и сега претставува еквивалент на 14,6 отсто од глобалниот бруто домашниот производ (БДП).

Самитот на Г20 започнува во сабота во Јоханесбург. Групата ги обединува најголемите индустријализирани земји во светот и некои од најсилните економии во развој.

Oxfam вели дека милијардерите во земјите од Г20 го зголемиле своето вкупно богатство за 16,5 отсто за една година – на 15,6 трилиони долари, во споредба со 13,4 трилиони долари минатата година.

Годишните трошоци за искоренување на сиромаштијата за 3,8 милијарди луѓе кои моментално живеат под линијата на сиромаштија на Светската банка од 8,30 долари дневно изнесуваат 1,65 трилиони долари, проценува Oxfam.

Организацијата ги повика лидерите на Г20 да се залагаат за создавање меѓународно тело за борба против нееднаквоста и за унапредување на напорите за оданочување на супербогатите.

Се очекува намалувањето на нееднаквоста да биде централна тема на самитот.

globe

Слични новости

Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети

Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети

Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.