Кинескиот претседател Си Џинпинг се поотворено настапува како еден од најмоќните актери на светската политика, а неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп покажуваат дека Пекинг веќе не сака да биде само посматрач, туку еден од центрите на глобалниот светски поредок.

Според оценката на Блумберг, си во односите со Вашингтон настапува ефикасно и со авторитет, користејќи го трговскиот судир, прашањето на Тајван и пошироките односи со САД за да ги постави односите меѓу двете сили, се повеќе под условите на Пекинг.

Кина во односите со САД управува со конкуренцијата, додека врската со Москва останува длабока потпора за Пекинг. Притоа, во тој однос, Пекинг станува се подоминантна сила заклучува Блумберг.

Слични новости